Могерини: Техеран да го овозможи правото на протест

03.01.2018 12:56

Европската унија одблизу ги следи демонстрациите во Иран, зголеменото насилство и неприфатливото губење човечки животи. За ЕУ, човечките права се суштинско прашање во нашите односи со Иран...

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изрази жалење за човечките жртви при протестите во Иран и побара од властите во Техеран да им го овозможат на демонстрантите правото на протест.

Европската унија одблизу ги следи демонстрациите во Иран, зголеменото насилство и неприфатливото губење човечки животи. За ЕУ, човечките права се суштинско прашање во нашите односи со Иран. Мирните протести и слободата на изразување се основни права кои важат за секоја држава, и Иран не е исклучок, е наведено во соопштението на шефицата на европската дипломатија, која беше критикувана поради бавната реакција за протестите.