САД

Власите во Њујорк ќе постават 1.500 прегради за спречување терористички напади со возила

03.01.2018 13:22

Одлуката доаѓа по серијата такви напади во Европа, како и по нападот во октомври во Њујорк, во кој исламист од Узбекистан усмрти осум пешаци.

Градските власти во Њујорк планираат да постават 1.500 метални прегради на Тајмс Сквер и на десетици други локации, за спречување од  терористички напади со возила. Одлуката доаѓа по серијата такви напади во Европа, како и по нападот во октомври во Њујорк, во кој исламист од Узбекистан усмрти осум пешаци.

Во 2017 година жителите на Њујорк беа сведоци на ужасната подготвеност на луѓе да не повредат, во метрото, на велосипедските патеки или на Тајмс Сквер. Знаеме дека треба да вложиме дополнителни напори за да ги заштитиме луѓето и затоа ги одбравме најдобрите начини за обезбедување на нашите улици, изјави градоначалникот на Њујорк, Бил Де Блазио.

Целиот проект ќе чини околу 50 милиони долари.