Потребни се агресивни мерки против климатските промени

03.01.2018 15:46

„Климатските пормени се движат многу побрзо отколку што мислевме, и затоа на сите фронтови треба да се преземат агресивни мерки“, порача генералниот секретар на Обединетите нации, Гутереш. Целите на Парискиот договор ќе го чинат светот речиси 21 билион долари до 2030 година, оценија климатолозите...

Климатолозите велат дека светот има пари за да се остварат целите на Парискиот договор, но и дека шансите за оваа прашање се незначителни. Затоа, сите влади и организации мора да се подготват за потопла планета. За оваа тема Бостон консалтинг- Хендерсон институтот предлага концепт на целосна глобална примена на најнапредните технологии во производството на штедење на потрошувачката на електрична енергија. Екпертите од овој институт велат дека за оваа цел се непходни околу 21 билион долари, но ако се почне од денеска, па до 2030-тата гоидна.

За ова а тема пред Нова година во Париз разговараа светските лидери за инвестициите и финасирањето на проектот во борбата против глобалното затоплување. Домаќинот, францускиот претседател Емануел Макрон упати повик за мобилизација, притоа надевајќи се дека во наредниот период американскиот претседател ќе се премисли и ќе ја врати Америка во глобалниот еко-проект.

Ја упатувам пораката на разочараност бидејќи многумина се успаа, додека повик за мобилизација е нешто конкретно. Од потпишувањето на Договорот минаа две години, многу акции почнаа, а потоа многу земји од нив отстапија“, рече Макрон.

Но, експертите велат- за да се оствари оваа за многумина необична мисија, не само Кина, туку и сите земји на Унијата, развиените азиски држави како и САД, би требало да ги ограничат своите емисии на стаклени гасови за 70 насто до 2040-та година.

„За жал и за оваа гоидна ќе апелирам до целиот свет дека климатските пормени се движат многу побрзо отколку што мислевме, и затоа на сите фронтови треба да се преземат агресивни мерки. Глобалното производство на енергијата што ја произведува човекот треба да се намали, на емитирањето на стаклените гасови, најмалку за 70 насто до 2040-та година“, изјави првиот човек на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Во борбата портив климатските промени веќе се вклучени околу 200 големи инвеститори кои се со намера да извршат притисок на 100 компании, за кои се смета дека се најголеми загадувачи, за да ги усвојат мерките во борбата против глобалното затоплување, а како што најавија од Светската банка, таа нема да финасира експлотација на нафта по 2019-та година.

 

Мирјана Василева