Ќе се врати довербата кај инвеститорите

04.01.2018 11:37

За да го вратиме кредибилитетот и довербата кај инвеститорите, Министерството за финансии многу силно работеше за да ја отвори транспарентноста. Направивме многу чекори за тоа. За прв пат објавуваме квартални извештаи за извршувањето на буџетите на сите буџетски корисници и општини, објавивме граѓански буџет- посочува министерот Тевдовски во интервју за МТВ.

Во 2017-та имаше забавен економски раст поради политичката криза. Од ресорот финансии за годинава предвидуваат закрепнување на економијата и повеќе инвестиции. Во државната каса за капитални инвестиции се предвидени речиси 400 милиони евра, вели во интервју за МТВ, првиот финансиер Тевдовски.

„Стабилизирањето на политичката состојба и враќањето на довербата на инвеститорите, треба да придонесе за зголемување на приватните инвестиции. Тоа е она што недостигаше претходните години. За ова да се овозможи, за прв пат во буџетот има сериозна поддршка, пред се за домашните претпријатија, покрај за странските. Поддршката вклучува поддршка за инвестиции, за отворање нови работни места, повисоки плати“, вели министерот Тевдовски во интервјуто.

За да го вратиме кредибилитетот и довербата кај инвеститорите, Министерството за финансии многу силно работеше за да ја отвори транспарентноста. Направивме многу чекори за тоа. За прв пат објавуваме квартални извештаи за извршувањето на буџетите на сите буџетски корисници и општини, објавивме граѓански буџет- посочува министерот Тевдовски.

Со министерот за финансии разговараше Сузана Фиданска- Стоевска. Интервјуто може да го погледнете на следниот ЛИНК.