Игран филм

ЗАМИСЛЕНА ЉУБОВ

Петок (21.09.2018) 23:10
Франција/ Белгија/ Канада, 2016
 
Режија: Никол Гарсија
Улоги: Марион Котијар, Луј Гарел, Алекс Брендмил
Жанр: драма
 
Добитничката на Оскар и на Златен глобус, Марион Котијар, во романтичната драма „Од земјата на месецот” која е снимена според бестселерот на Милена Ангус. Во овој прекрасен филм ќе ја видиме во улога на необична и страсна жена, во приказна, во која главна тема  е опсесивниот и никогаш во целост задоволен копнеж за љубов.