„Џемдаг Лајтинг Европа“ ќе инвестира во „Бунарџик“

05.01.2018 15:44

Гринфилд инвестицијата од 5 милиони евра треба да отвори 100 работни места. Договорот ќе биде потпишан кон средината на овој месец.

На последната владина седница се донесени повеќе одлуки. Дадена е согласност за закуп на земјиште во зоната „Бунарџик“ на компанијата „Џемдаг Лајтинг Европа“. Гринфилд инвестицијата од 5 милиони евра треба да отвори 100 работни места. Договорот ќе биде потпишан кон средината на овој месец.

Народниот правобранител, пак, добива поголеми овластувања при истрагите за кривични дела извршени од службени лица во Министерството за внатрешни работи и припадници на затворската полиција.

Исто така, Владата ги задолжи веледрогериите да обезбедат пообемна документација за квалитетот на лековите од паралелен увоз, за поголема контрола. Се формира комитет за земјоделство и безбедност на храната.