„Кино утро“ за најмладите во Кинотека на Македонија

09.01.2018 15:14

„Кино утро“ за најмладите. Зимскиот распуст збогатен со проекции на анимирани, играни синхронизирани филмови на македонски јазик. Со моќниот супер херој- Пеле, почнува филмскиот фестивал во Кинотека на Македонија. Ќе трае 10 дена...

Со приказната за 12- годишниот Пеле кој откако ќе биде каснат од мравка, добива моќ и се претвора во супер херој, почна филмскиот фестивал за деца „Кино утро“. Во Кинотеката на Македонија до 20-ти јануари, најмладите ќе може да погледнат некои од петте анимирани и играни филмови синхронизирани на македонски јазик.

Најмладите нетрпеливо го очекуваа почетокот на проекцијата. Деновите на зимскиот распуст идеални за да се погледне филм или театарска претстава.

Програмата на филмскиот фестивал „Кино утро“ продолжува со проекции на филмовите „Облачно со можност за дожд од ќофтиња“, „Малите виленици Пикси“, „Мармадјук“ и филмот „Змејска топка“.

 

Александра Спировска