Јавно ќе се објавуваат договорите за јавни набавки

09.01.2018 16:49

Договорите ќе бидат достапни во рамките на самите известувања за склучена набавка.

На Електронскиот систем за јавни набавки отсега ќе се објавуваат и доделените договори со цел јавноста да има увид во нив и да се зголеми транспаретноста со јавните набавки.

Договорите ќе бидат достапни во рамките на самите известувања за склучена набавка. По спроведување на набавките договорите ќе се објавуваат на следниот линк: https://e-nabavki. gov. mk/ PublicAccess/ Home.aspx#/home, се вели во соопштението од Министерството за финансии.