Нова средба Димитров- Коѕијас

11.01.2018 11:31

Позитивна клима и во Македонија и во Грција во однос на решавањето на спорот за името. Втората рунда преговори е закажана за 17 јануари во Њујорк. Министрите Димитров и Коѕијас денеска ќе имаат уште една средба...

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска ќе имаат уште една средба, што вчера беше потврдено од двете министерства, но не беа соопштени времето и локацијата.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи синоќа во емисијата „24 Анализа“ изјави дека средбата меѓу Димитров и Коѕијас најверојатно ќе се одржи во Грција.

Во грчките новинарски кругови се шпекулира дека средбата меѓу шефовите на дипломатиите најверојатно ќе се одржи во Солун, но засега нема за ова потврда од министерствата за надворешни работи на двете земји.