Инвестиција на „Алкалоид“ од 2,5 милиони евра

11.01.2018 13:54

Станува збор за инвестиции во погон за производство на полуцврсти фармацевтски форми, централна вагална и одделение за пакување на цврсти форми.

Скопската фармацевтска компанија „Алкалоид“ ги пушти во употреба трите нови инвестициски проекти, во вредност од над 2,5 милиони евра. При нивната изградба биле почитувани најсовремените стандарди за добра производна практика.

Станува збор за инвестиции во погон за производство на полуцврсти фармацевтски форми, централна вагална и одделение за пакување на цврсти форми.

„Алкалоид“ извезува во повеќе од 30 земји во светот.