Игран филм

САЈБЕРГЕДОН

Сабота (20.01.2018) 20:45

САД, 2012

Режија: Диего Веласко
Улоги: Миси Перегрим, Мени Монтана, Кик Гари
Жанр: трилер

Приказна за агентката Клои Џослин која истражува многу неповрзани сајбер-напади. Таа и нејзиниот тим мора да уништат една меѓународна сајбер-терористичка група пред да биде доцна. Но, со развојот на технологијата и фактот дека денес компјутерите и електрониката се неизоставен дел од нашето секојдневие, се јавува и опасност од злоупотреба, како што се случува и во овој возбудлив сф трилер, каде што целиот свет се наоѓа во опасност.