Карго аеродромот кај Штип најверојатно нема да се гради

11.01.2018 16:47

Карго аеродромот во Штип најверојатно нема да се реализира- велат од Министерството за транспорт. Парите се очекува да бидат пренаменети за канализација. Официјално, сѐ уште тече рокот за истражувања. Концесионерот вели дека ќе ги следи инструкциите на надлежните...

Официјална одлука сѐ уште нема, најверојатно карго аеродромот во близина на Штип нема да се гради. За првпат во јавноста, иако без конкретни информации, владата излезе со став- 46-те милиони евра ќе се вложат во проекти од општ интерес на граѓаните, ќе се гради канализација, потврди министерот за транспорт Сугарески. Периодот за истражувања е март 2020-та, се пеглаат деталите каде точно ќе се пренасочат средствата од проектот чија реализиација повеќе од осум години се провлекува со изјави дека сѐ уште се чекаат резултатите од годишните мерења.

Менаџментот на ТАВ Македонија вели дека сѐ уште немаат конкретна информација од владините институции дека карго аеродромот нема да се гради. Пред четири години, раководството на коцесионерот излезе со ставот- ако проектот не се реализира парите ќе се вложат за проширување на терминалот на „Александар Велики“. Ќе дејствуавме согласно нивните инструкции и догворот за концесија, вели генералниот директор Ерсој.

„Владините институции ги истражуваат податоците за карго аеродромот, да ги утврдат техничките карактеристики. Конкретни информации немаме. Наша обврска е да го конструираме аеродормот и ќе дејствува согласно со договорот за концесија и упатствата на Владата. Постои веќе дебата за ова, но нема конечна одлука да не се гради аеродромот и да се распределат средствата. Доколку Владата донесе таква одлука ние ќе дејствуваме согласно нивните инструкции и парите ќе бидат распределени во Скопје или Охрид или во други проекти“- посочи Алпер Ерсој.

Со над два милиони патници и раст во авиобизнисот ТАВ ја заврши 2017-та. Со евтините авиолетови на нискобуџетската „Виз ер“ биле превезени 1,2 милиони корисници на услугите. Лани беа воведени четири нови авилинии од Скопје до Будмшепта, Малта, Рим, Ваксјо, годинава проектираат, 23 насто удел во авиосообраќајот, редовна линија од Охрид до Виена. Во јуни истекува владиниот договор за субвенции, раководството вели- ако шемата одговара ќе продолжи бизнисот.

Дали Македонија ќе добие национален авиопревозник, сѐ уште се прават анализи. Сугарески потврдува- се разгледува и српскиот модел за приватно јавно партнерство, но без целосна анлиза, во изјавта за медумите вели- не влегуваме во авантури што однапред ќе бидат осудени на пропаст.

 

Сузана Фиданска- Стоевска