Софија

Денеска почнува бугарското претседателство со ЕУ

11.01.2018 17:11

Церемонијата во главниот град на Бугарија ќе почне вечерва во 19 часот, по што ќе биде организирана свечена вечера. В петок членовите на ЕК ќе имаат средби со бугарските министри...

Членови на Eвропската комисија и нејзиниот претседател Жан Клод Јункер денеска и утре ќе престојуваат во Софија, поради отпочнувањето на бугарското претседателство со Советот на ЕУ.

Церемонијата во главниот град на Бугарија ќе почне вечерва во 19 часот, по што ќе биде организирана свечена вечера. В петок членовите на ЕК ќе имаат средби со бугарските министри, на кои ќе се разговара за основните приоритети на бугарското претседателство, по што ќе има заедничка седница на колегиумот на комесарите и на бугарската влада, по што Јункер и бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе одржат прес-конференција.

Јункер при дводневната посета на Софија ќе се сретне и со бугарскиот претседател Румен Радев и со претседателката на бугарскиот парламент Цвета Карајанчева.