САД

Трамп повторно повика на изградба на ѕид на границата со Мексико

12.01.2018 10:34

Моја обврска е да ги бранам животите и безбедноста на Американците. Треба да изградиме голем ѕид, напиша Трамп на Твитер.

Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно повика на изградба на ѕид долж границата со Мексико.

„Демократите изгледа се стремат луѓе и дрога да влегуваат во нашата земја од јужната граница- процес, при кој се изложува на ризик животот на илјадници луѓе. Моја обврска е да ги бранам животите и безбедноста на Американците. Треба да изградиме голем ѕид“, напиша Трамп на Твитер.

Претседателот на САД прецизираше дека не е против прием на имигранти, но тие би требало да исполнуваат одредени критериуми.