Јапонија: Воз со 600 патници блокиран од снежна бура

12.01.2018 11:22

Дел од патниците биле евакуирани, но поголемиот дел останале во возот, откако било решено дека е премногу ризично да се евакуираат поради длабокиот снег и мракот.

Воз со околу 600 патници останал блокиран во текот на ноќта во Јапонија поради снежна бура. Дел од патниците биле евакуирани, но поголемиот дел останале во возот, откако било решено дека е премногу ризично да се евакуираат поради длабокиот снег и мракот.

Со изгревот на сонцето, на дел од патниците им било дозволено да заминат, откако нивните семејства дошле да ги земат.

Едно лице било одведено во болница, а на уште четворица им била укажана медицинска помош.