Москва- Вашингтон

Путин: Преговори со САД за договор за нуклеарно оружје

12.01.2018 13:09

На средбата со печатените медиуми, рускиот претседател Владимир Путин образложи дел од кучните прашања за внатршената и надворената политика на земјата. Потврди дека Вашингтон и Москва преговараат за договорот за нуклеарно оружје.

„Вашингтон и Москва преговараат за суштински договор за нуклеарното оружје“, изјави рускиот претседател Владимир Путин. На средбата со првите луѓе на руските печатени медиуми, потенцира дека планот на Соединетите Американски Држави да опремат дополнително дел летала и подморници , кои имаат нуклеарен капацитет да носат конвенционално оружје, предизвикал загриженост во Русија.

„Американските планови не се во спротивност со Новата спогодба „Старт“ за намалување на нуклеарното оружје од 2010 година. Москва ја следи состојбата за да се увери дека не постои шанса за враќање на нукеларните капацитети во иднина. Дијалогот продолжува и се надевам дека ќе биде позитивен“, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.

Спогодбата меѓу Русија и САД за намалување на нуклеарното оружје забранува поседување на повеќе од 1.550 нуклеарни боеви глави во секоја од овие земји. Договорот истекува во 2021 година, и може да се продолжи.

„Новиот СТАРТ“ е наследник на СТАРТ 1. Втората верзија беше потпишана, но не и ратификувана. А СТАРТ 3 резултираше со неуспешни преговори.

Маја Филдишев