ОЈО отвори истрага за Дрисла по допрен глас

12.01.2018 14:01

За целосно утврдување на фактите, до Министерството за животна средина и просторно планирање е испратено барање за да добие податоци во врска со досегашна извршена контрола за работењето на депонијата Дрисла, соопштуваат од Обвинителството.

Скопското Основно јавно обвинителсто по допрен глас отвори предмет за кривично дело- загадување на животната средина и природата.

За целосно утврдување на фактите, до Министерството за животна средина и просторно планирање е испратено барање за да добие податоци во врска со досегашна извршена контрола за работењето на депонијата Дрисла, соопштуваат од Обвинителството.

Во дописот се наведува дека меѓудругото се бара потврда дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од депонијата.