СДСМ предлага намалување на патните трошоци за пратениците

12.01.2018 14:56

За таа цел, потребно е менување на Законот за плати на именувани функционери и Законот за пратеници, рече Тунтев. Би биле прифаќани само фискални сметки платени со личната платежна картичка на пратеникот.

Пратеничката група на СДСМ поднесе инцијатива за намалување на патните трошоци на пратениците. Со нивната иницијатива, како што објасни координаторот Томислав Тунтев, се предлага патните трошоци од 30% од цената, да се намалат на 15%.

За таа цел, потребно е менување на Законот за плати на именувани функционери и Законот за пратеници, рече Тунтев. Би биле прифаќани само фискални сметки платени со личната платежна картичка на пратеникот.

Решението кое го предлагаме ќе биде со цел да се стави крај на манипулациите и шпекулациите во јавноста. Претседателот Талат Џафери го има предлогот, уште на 1-ви декември, но досега се нема изјаснето ниту една пратеничка група- рече Тунтев.