МТСП

Нов закон за приватните агенции за вработување

12.01.2018 15:19

Наместо досегашните два закона со кои се регулираше оваа област, сега се нуди еден.

Министерството за труд и социјална политика го изработи текстот на законот за приватни агенции за вработување. Наместо досегашните два закона со кои се регулираше оваа област, сега се нуди еден.

Цел на предлогот на законот е да постои единствено регулирање на приватните агенции за вработување и надминување на постојните проблеми при имплементацијата на законите, кои како предмет на уредување ги имаат приватните агенции за вработување, како и заштита на работниците вработени преку овој вид агенции од можни злоупотреби.