Следење на комуникациите

12.01.2018 15:30

Оперативно техничката агенција ќе обезбеди целосна заштита на уставниот поредок, вети министерот за внатрешни работи Спасовски пред собраниската Комисија за одбрана и безбедност...

Со формирањето на Оперативно техничката агенција за следење на комуникациите ќе се обезбеди целосна заштита на уставниот поредок и ефикасна борба против криминалот и корупцијата. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој го образложи новото законско решение на комисиската расправа во Собранието. Досега медијациските уреди за прислушување беа сместени во МВР. Со нивната дислокација, вели Спасовски, ќе се анулира можноста од злоупотреби.

Предложениот закон предвидува – директорот на ова тело и неговиот заменик да ги избира Законодавниот дом, а членови да бидат докажани експерти и не повеќе од седуммина вработени од УБК кои за својот ангажман ќе мора да поминат темелна селекција.

Комисиската расправа за пакетот закони за следењето на комуникациите помина без присуство на опозицијата.

 

Анита Димитријевска