КСС најави протест на 17-ти јануари

12.01.2018 16:15

Конфедерацијата на слободни синдикати бара средба со премиерот за да се најде решение за проблемите. Во спротивно, се закануваат со протест. Од СОНК, пак, велат- доколку не се најде заеднички јазик со властите, во прашање е доведен почетокот на второто полугоди и работата на градинките.

Повисока плата, усогласување со минималецот, К-15 во јавниот сектор, работа без притисоци и мобинг, дотации, поголеми бенефиции, почитување на колективните договори- ова се барањата на Конфедерацијата на слободни синдикати. Очекуваат најдоцна до 16-ти јануари да бидат повикани на средба со премиерот или од него овластени претставници, за да се најдат решенија. 

Се огласи и синдикатот за образование, наука и за култура. Синдикатите за 17-ти месецов најавија протест. Упатија повик до другите синдикати, граѓани, невладини организации да се солидаризираат со нив.

Од Владата велат дека утрово упатиле покана преку кабинетот на вицепремиерката Шекеринска за средба со претставници на синдикатите. Поканата е за состанок на 16- ти месецов за да се разгледаат и дискутираат решенија за сите отворени прашања.

Во соопштението е наведено дека Владата останува отворена за дијалог.

Ана Јосифоска- Тодоровска