И покрај договорот, повторно се пука во Киев!

21.02.2014 11:02

Учесниците во масовните немири пукаа врз припадници на полицијата и се обидоа да се пробијат до зградата на Парламентот...

Украински демонстранти отворија оган врз полицајци во Киев, кои се наоѓаат на просторот меѓу плоштадот „Независност“ и Парламентот. Учесниците во масовните немири пукаа врз припадници на полицијата и се обидоа да се пробијат до зградата на Парламентот, соопштуваат агенциите.
 
Во меѓувреме полското Министерство за надворешни работи соопшти дека преговорите во Украина за излез од кризата на кои учествуваат полскиот и германскиот министер за надворешни работи ќе продолжат напладне во 12 часот по локално време.
 
Според претходните информации на украинската телевизија на средбата која траеше до рано изутринава договорено е одржување предвремени претседателски избори, коалициска влада и уставни реформи.