Премногу млеко доведува до дебелеење кај децата

15.01.2018 12:16

Ваквиот заклучок го извлекле од истражување со кое биле опфатени околу 8.950 деца, на кои во текот на првите четири години од животот им бил следен растот и развојот со честото конзумирање на млеко.

Децата од предшколска возраст кои пијат три или повеќе чаши млеко дневно, имаат поголем ризик од дебелеење, тврдат американски научници,

Ваквиот заклучок го извлекле од истражување со кое биле опфатени околу 8.950 деца, на кои во текот на првите четири години од животот им бил следен растот и развојот со честото конзумирање на млеко.

Со анализа на собраните податоци е забележано дека на возраст од четири години поголемото конзумирање на млеко е поврзано со зголемена телесна тежина и височина. Децата кои пиеле четири или повеќе чаши млеко дневно биле просечно за еден сантиметар повисоки од оние кои дневно конзумирале само една чаша дневно. Меѓутоа, забележано е дека овие деца имале дури 16 отсто поголема веројатност за прекумерна тежина.

Имајќи ја предвид моментната ситуација со дебелеењето, истражувачите препорачуваат дека предшколските деца дневно треба да испијат максимум две чаши млеко.