На пазарите во Македонија нема да има фискализација

15.01.2018 15:02

На пазарите во Македонија нема да има фискализација. Регистрацијата на фирма нема да биде преку Централен регистар, туку ќе биде одредено со лиценца што ќе ја издава Комората на трговци. Плаќањето кон државата ќе биде паушално, а за придонесите за здравствено и пензиско осигурување ќе важи друг принцип.

Нема фискализација за зелените пазари сѐ до влезот на Македонија во Европската унија, ќе се регистрираат со лиценци од Комората на трговци, а не преку Централниот регистар. Ова е предвидено со новиот закон што ќе ја регулира оваа дејност.

Пазарџиите се оданочуваат паушално. Плаќањето на придонесите за здравствено и пензиско осигурување ќе биде по принципот- еден тезгаџија во тарифата на земјоделец- поединец.

За да добијат лиценца, пазарџиите треба да докажат дека поседуваат тезга под закуп. Врз основа на тој договор што го имаат со организаторот на пазарот,  Комората на трговци ќе го издаде документот.

Лиценцата ќе биде со важност од една година. Доколку не се обнови, тезгаџијата ќе биде избришан како имател на тезга. За цената на документот ќе се одлучува следната недела.

Ана Јосифоска- Тодоровска