МРТ ќе ги поништи одлуките од вториот и третиот квартален конкурс за поддршка на домашната музичка продукција

17.01.2018 11:36

На состанокот заеднички било констатирано дека актуелниот Закон е тешко применлив и дека не ја исполнува функцијата за која е донесен. Констатирано е дека Македонската радио телевизија, по спроведениот надзор и по насоките дадени од страна на Министерството за култура ќе пристапи кон поништување на одлуките...

Претставници на Министерството за култура и Македонската радио телевизија вчера одржаа состанок со цел да се разгледаат опциите за разрешување на состојбата со примената на Законот за поддршка на домашната музичка продукција.

На состанокот заеднички било констатирано дека актуелниот Закон е тешко применлив и дека не ја исполнува функцијата за која е донесен. Констатирано е дека Македонската радио телевизија, по спроведениот надзор и по насоките дадени од страна на Министерството за култура ќе пристапи кон поништување на одлуките за избор и одлуките за неизбор по основ на Вториот и Третиот квартал од 2017-та година.

Претставниците на Министерството за култура и МРТ се договорија во иднина заеднички да ги координираат активностите во насока на поддршка и развој на домашната музичка продукција, стои во соопштението.