Виртуозот на пијано Даниел Харитонов настапува со Македонската филхармонија

18.01.2018 11:15

Харитонов за македонската публика ќе го изведе популарниот и раскошен концерт за пијано и оркестар од Франц Лист. На програмата вечер се и атрактивната увертира „Карневал“ од Антонин Дворжак, како и славната Симфонија бр. 2 од Јан Сибелиус.

Новата година, Македонската филхармонија ја стартува со концертот „Лауреати“ и со настапот на „чудото од дете“, младиот виртуоз на пијано, Даниел Харитонов, а под диригентската палка на маестро Даниел Рајскин од Русија.

Харитонов за македонската публика ќе го изведе популарниот и раскошен концерт за пијано и оркестар од Франц Лист. На програмата вечер се и атрактивната увертира „Карневал“ од Антонин Дворжак, како и славната Симфонија бр. 2 од Јан Сибелиус.

До крајот на оваа концертна сезона, Македонската филхармонија ќе реализира уште голем број симфониски концерти со ѕвездени солисти и диригенти, а програмата ќе биде исполнета со сериозни, комплексни, но и атрактивни и инспиративни дела.

По повод Денот на вљубените, на 14-ти февруари, се подготвува несекојдневен музички настан. Сезоната ќе ја одбележат настапите на уште неколку извонредни македонски солисти. Филхармонијата се приклучува и кон одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на американскиот композитор Леонард Бернштајн.

Ќе се продолжи и со реализација на симфониските концерти за најмладите, но и со камерните концерти кои ќе се одржуваат во малата сала.