Ракометарите продолжуваат во втората фаза од Европското првенство

18.01.2018 11:33

Ракометните репрезентации на Македонија и на Германија одиграа нерешено со резултат 25:25 на последниот натпревар од групата Ц во Загреб. Со нерешениот резултат нашиот тим остана на првото место на табелата.

Македонската ракометна репрезентација продолжува во втората фаза на Европското првенство во ракомет. Со нерешениот резултат против актуелниот првак Германија, го освоивме првото место во групата.

Ракометните репрезентации на Македонија и на Германија одиграа нерешено со резултат 25:25 на последниот натпревар од групата Ц во Загреб. Со нерешениот резултат нашиот тим остана на првото место на табелата.

Македонската ракометна репрезентација ќе стартува како лидер во својата група од главната фаза на Европското првенство во Хрватска, како единствена селекција која што пренесува три бода од прелиминарната фаза. Германија, Шпанија, Данска и Чешка имаат по два бода, додека Словенците имаат само еден бод.

Во втората фаза од првенството, Македонија ќе ги игра натпреварите во Вараждин, в недела со Шпанија, потоа во вторник со Чешка и в среда, со Данска.