Воздушни напади на турската армија во сириската провинција Африн

22.01.2018 12:25

Операцијата во Африн, во кој живеат околу еден и пол милиони Сириски Курди, е со цел создавање „30-километарска зона за безбедност, заштитена од терористи“.

Најмалку 11 цивили загинаа во воздушните напади на турската армија во сириската провинција Африн што е под контрола на курдска група, соопшти лондонската Сириска опсерваторија за човекови права.

Турција смета дека таа е огранок на терористичката Курдска работничка партија. Операцијата во Африн, во кој живеат околу еден и пол милиони Сириски Курди, е со цел создавање „30-километарска зона за безбедност, заштитена од терористи“.

Како одговор, сириската влада ги дефинираше активностите на Турција како мешање во суверенитетот на земјата.