Германија сѐ поблиску до нова Влада

22.01.2018 12:56

На вонредниот конгрес на партијата пресуди мнозинството. Од 642 делегата кои гласаа за влез во финалната фаза на преговорите со ЦДУ и ЦСУ гласаа 362 делегати, против се изјаснија 279.

Делегатите на Социјалдемократската партија на Германија се изјаснија за почеток на преговорите за голема коалиција со Демохристијаните на Агела Меркел.

На вонредниот конгрес на партијата пресуди мнозинството. Од 642 делегата кои гласаа за влез во финалната фаза на преговорите со ЦДУ и ЦСУ гласаа 362 делегати, против се изјаснија 279.

Четири месеци по изборите, земјата ја води голема коалиција со технички мандат. Доколку двете најголеми групации во Германија постигнат договор, Ангела Меркел повторно ќе го добие мандатот.