Сирија

Турските воени сили зазеле 11 позиции на курдите

22.01.2018 13:34

Војската заедно со припадниците на опозициската „Слободна војска на Сирија“ зазеле вкупно 11 села и навлегоа во провинцијата Африн од нејзината северна, северозападна и западна страна. Навлегувањето на турската војска во Африн следеше откако Турција почна со воздушни напади во тој регион врз сили на курдските „Сили за заштита на народот“, кои имаат поддршка од САД.

Турските вооружени сили заземаа 11 позиции на сириските курди во провинцијата Африн и воспоставија база за продолжување на операцијата „маслиново гранче“. Војската заедно со припадниците на опозициската „Слободна војска на Сирија“ зазеле вкупно 11 села и навлегоа во провинцијата Африн од нејзината северна, северозападна и западна страна. Навлегувањето на турската војска во Африн следеше откако Турција почна со воздушни напади во тој регион врз сили на курдските „Сили за заштита на народот“, кои имаат поддршка од САД. 

Турскиот претседател Реџеп Ердоган рече дека турските сили брзо ќе ја завршат операцијата во Африн, додавајќи дека неговата земја е решена да ја исчисти областа од милицијата сили за заштита на народот, која има поддршка од САД, а која Анкара ја смета за терористичка група.

„ПКК кога и да излезете, знајте го ова. Нашите безбедносни сили ќе ви бидат зад петици. Ќе почнеме национална операција. Не можете да не напаѓате однатре. Ќе ве лоцираме. Муслиманите се молат, дури и во Африка. Не сме сами, Алах  е со нас“, изјави Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.

Вонредна седница на советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на ОН денеска на барање на Франција на вонредна седница ќе ја разгледува актуелната состојба во Сирија и прашањето за доставување хуманитарна помош во таа земја.

Генералниот секретар на ОН задолжен за хуманитарни прашања Марк Лоукок се очекува да поднесе извештај за неговата посета на Сирија. Шефот на француската дипломатија Жан Ив Ле Дриен по состанокот со министрите за надворешни работи на земјите од западен медитеран во Алжир рече дека е загрижен поради актуелните случувања во сирија. Побара итно примирје како и овозможување на непречена и безусловна достава на хуманитарна помош. 

Марина Ристова