Здружението на компаниите од комунални дејности бара измени на повеќе закони

22.01.2018 15:36

Здружението на фирмите од комуналните дејности бара повеќе законски измени. Апелираат да се намали бирократската регулатива за да се олеснат вработувањата. Оттаму велат дека досега пропаднале сите модели за функционирање на регионалните депонии...

Новиот Закон за управување со отпад треба да биде донесен до крајот на годинава и со него се очекува да се олесни постапката за модернизирањето на регионалните депонии. Од Здружението на комунални дејности потврдуваат дека ваквите модели на депонии досега не профункционираа во ниту еден регион, што дополнително создаде други проблеми.

Од Здружението бараат законски измени поради вработување на потребните кадри, но велат дека треба да има интервенции и во Законот за јавни набавки. Од Стопанската комора посочуваат дека понудената најниска цена им прави сериозни проблеми на комуналните претпријатија.

Во врска со Законот за трговија на зелени пазари, од Групацијата при Стопанската комора велат дека ќе се дефинираат условите за продажба.

Со Законот се предвидува закупците на тезги да поседуваат лиценци кои ќе бидат со важност од една година.

Дијана Ценевска