Mеѓународен конкурс за избор на композиции „ФОЛК-ФЕСТ“ Валандово 2018

22.01.2018 15:56

Годинава по 33-ти пат ќе се одржи фестивалот на новосоздадени македонски песни „ФОЛК-ФЕСТ“ Валандово 2018. 

Одржувањето на фестивалот е закажано за последната недела од месец Мај. Во тек е меѓународен конкурс за избор на композиции, кој трае до 31.01.2018 година.

Конкурсниот труд треба да биде доставен во затворен плик со димензии А4 формат на кој од предната страна ќе биде испишан следниот текст:

 

ДО

ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

Ул.„ИВО ЛОЛА РИБАР“ бб

2460 ВАЛАНДОВО, Р.МАКЕДОНИЈА

 

ЗА

ФЕСТИВАЛОТ НА НОВОСОЗДАДЕНИ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ

ФОЛК-ФЕСТ“ ВАЛАНДОВО 2018

-КОНКУРС

Повеке информации на официјалната интернет страна на Општина Валандово www.valandovo.gov.mk