Почнува Светскиот економски форум во Давос

23.01.2018 11:04

На самитот ќе присуствуваат светски лидери, бизнисмени, академици, како и организации и претставници на граѓанскиот сектор. Во фокусот се меѓународната соработка, безбедноста, глобалната економија и животната средина.

Во швајцарското монденско одморалиште Давос почнува Светскиот економски форум. Се одржува под мотото „Да создадеме заедничка иднина во еден разединет свет“.

На самитот ќе присуствуваат светски лидери, бизнисмени, академици, како и организации и претставници на граѓанскиот сектор. Во фокусот се меѓународната соработка, безбедноста, глобалната економија и животната средина.

Воведното обраќање е резервирано за премиерот на Индија, Нарендра Моди, а во Давос ќе бидат и американскиот претседател Трамп, претседателот на Франција, Макрон, канцеларката Меркел, премиерите на Италија и на Обединетото Кралство.