Абас бара ЕУ да ја признае Палестинската независност

23.01.2018 11:48

Откако Вашингтон го призна Ерусалим за израелска престолнина, челниците на палестинската држава ја повикаа Палестинската ослободителна организација да ја блокира одлуката додека Израел не ја признае независноста на Палестинците, не се откаже од анектирање на источен Ерусалим и не го спречи населувањето во регионот.

Претседател Махмуд Абас побара од земјите-членки на Европската унија да ја признаат палестинската независност, а официјален Брисел инсистира на нов дијалог со Израел. Откако Вашингтон го призна Ерусалим за израелска престолнина, челниците на палестинската држава ја повикаа Палестинската ослободителна организација да ја блокира одлуката додека Израел не ја признае независноста на Палестинците, не се откаже од анектирање на источен Ерусалим и не го спречи населувањето во регионот.

„Нема да почнат преговори меѓу Израелците и Палестинците ако ова се гледа само како обид на САД, но и меѓународната заедница нема да може да успее без учеството на Вашингтон.  Мора да се здружат сите сили зашто е крајно време Израел и Палестина да разговараат дикретно. Идниот месец ќе имаме средба со министрите од Арапската лига“, изјави шефицата на надворешната и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Досега само девет земји-членки на Унијата ја признаа независноста на Палестина. Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец најави дека Во оваа група веројатно ќе се приклучи и неговата земја.