Обединети нации

Советот за безбедност не ја осуди турската офанзива во Сирија

23.01.2018 12:28

Турската офанзива почна во саботата откако Меѓународната коалиција предводена од САД објави создавање погранични сили во Сирија, во кои би биле вклучени и курдски борци.

Советот за безбедност на Обединетите нации не ја осуди турската офанзива против Курдските борци во северна Сирија. Претходно зад затворени врати се одржа итен состанок, на барање на Франција, која изрази голема загриженост, оценувајќи ја ситуацијата како трагична.

Турската офанзива почна во саботата откако Меѓународната коалиција предводена од САД објави создавање погранични сили во Сирија, во кои би биле вклучени и курдски борци.

Турција смета дека курдските групи во Сирија се поврзани со забранетата работничка партија, која се квалификува како терористичка организација.

Во престреликите страдаат и цивили. Има извештаи за загинати и меѓу припадниците на сириските курди, но и за турски војници.