ЕУ избриша осум држави од црната листа на „даночни раеви“

23.01.2018 14:04

Пред помалку од еден месец ЕУ го објави списокот од 17 држави кои се на црната листа. Според новата одлука, од листата ќе бидат повлечени Панама, Јужна Кореја, Обединетите Арапски Емирати, Тунис, Монголија, Макао, Гренада и Барбадос.

Европската унија соопшти дека симнува осум држави од списокот на „даночни раеви“, односно држави кои не соработуваат доволно со унијата во борбата против избегнувањето плаќање даноци и перењето пари.

Пред помалку од еден месец ЕУ го објави списокот од 17 држави кои се на црната листа. Според новата одлука, од листата ќе бидат повлечени Панама, Јужна Кореја, Обединетите Арапски Емирати, Тунис, Монголија, Макао, Гренада и Барбадос.

ЕУ подготви и таканаречена сива листа од 50-ина држави од кои се очекува да спроведат дополнителни мерки за борбата против даночната евазија.