Просечната плата во ноември 23.196 денари

23.01.2018 14:21

Во ноември 2017-та година, во однос на ноември 2016-та просечната плата забележува раст од 3,6 проценти.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2017-та изнесува 23.196 денари, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во истиот месец 1,1% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

Во ноември 2017-та година, во однос на ноември 2016-та просечната плата забележува раст од 3,6 проценти. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите- преработувачка индустрија (8,9%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8,7%) и земјоделство, шумарство и рибарство (7,6%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето- плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите уметност, забава и рекреација (15,8%), транспорт и складирање (5,9%) и стручни, научни и технички дејности (4,3%).