Нови 140 милиони евра за земјоделството

24.01.2018 10:20

Годинава земјоделците ќе имаат на располагање буџет од скоро 140 милиони евра за субвенциите и за руралениот развој. Најголем дел парите се наменети за финансиска поддршка на растителното производство. Зголемени се и буџетските средства за ветеринарната заштита и за безбедност на храна...

Најголем е буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнио развој од 8,4 милијарди денари кои се предвидени за директна финансиска поддршка во земјоделството и за рурален развој.

Директните плаќања се 6,6 милијарди денари, а преку Програмата за рурален развој 1,8 милијарди денари ќе се инвестираат во создавање на производи со висока додадена вредност, модернизирање на агро-секторот и развој на руралните средини.

За 60 проценти е зголемена сумата за Агенцијата за храна и ветеринарство и за Програмите за ветеринарно-здравствената заштита и за безбедност на храната. Овие програми се значајни за здравјето на животните и на луѓето преку обезбедување и гарантирање на квалитетни и безбедни производи.

Министерството ја подготвува и новата пет годишна и програмата за субвенционирање во 2018-та година со која детално се поделат предвидените парите од планираниот земјоделски буџет.

 

Методија Трајков