АВГАНИСТАН

Нападната канцеларија на хуманитарна организација во Џалалабад

24.01.2018 10:23

Во инцидентот учествувале бомбаш- самоубиец и неколку вооружени напаѓачи кои влегле во објектот.

Единаесет луѓе се порведени во напад врз канцеларијата на меѓународната хуманитарна организација „Спасете ги децата“ во источниот авганистански град Џалалабад.

Во инцидентот учествувале бомбаш- самоубиец и неколку вооружени напаѓачи кои влегле во објектот. 

Во регионот кој граничи со Пакистан се присутни Талибанци и борци на џихадистичката група „Исламска држава“.