Италија: Евакуација поради опасност од лавина

24.01.2018 11:14

Властите предупредија дека низ целиот северен дел од Алпите што се граничи со Австрија, постои голема опасност од лавини...

Четири хеликоптери евакуираа 150 лица од луксузен хотел на италијанските Алпи поради опасност од лавина. Туристите се времено сместени во фискултурна сала во Сан Валентино.

Властите предупредија дека низ целиот северен дел од Алпите што се граничи со Австрија, постои голема опасност од лавини поради рекордното количество снег од почетокот на 80-те години од минатиот век.