Германија: Ултрадесничар од АФД премина во Ислам

24.01.2018 15:19

Раководството на партијата дознало за промената на верата по поднесувањето на оставката.

Функционер на ултрадесничарската партија „Алтернатива за Германија“ поднесе оставка и премина во Исламот. Артур Вагнер си заминал од регионалниот одбор во Бранденбург пред две седмици поради лични причини.

Раководството на партијата дознало за промената на верата по поднесувањето на оставката.

Весникот „Тагес Шигел“ објави дека Вагнер бил активист во група која им помагала на бегалците додека бил член на ултрадесничарското движење.