Турски медиуми: Погрешно толкување на разговорот Трамп- Ердоган

25.01.2018 11:52

Официјален Вашингтон претходно соопшти дека Трамп го повикал Ердоган да ги ограничи воените операции во Сирија и да го избегне ризикот од конфликт со американските сили.

Турските медиуми известуваат дека Белата куќа погрешно го протолкувала телефонскиот разговор меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот колега Доналд Трамп.

Официјален Вашингтон претходно соопшти дека Трамп го повикал Ердоган да ги ограничи воените операции во Сирија и да го избегне ризикот од конфликт со американските сили.

Според медиумите во Труција, лидерите размениле мислење за операцијата „Масиново гранче“ и за актуелните воени активности во Африн.