Софија

Владата на Бугарија го преживеа гласањето за доверба

25.01.2018 12:09

Барањето го поднеле опозициските социјалисти кои како аргумент го навеле недостигот од напредок во борбата против корупција во оваа балканска земја. Од вкупно 240 пратеници, за изгласување недоверба се изјасниле 103-ца, додека против биле 131 пратеник.

Владата на Бугарија го преживеа изјаснувањето во Парламентот за изгласување недоверба во кабинетот на премиерот Бојко Борисов. Барањето го поднеле опозициските социјалисти кои како аргумент го навеле недостигот од напредок во борбата против корупција во оваа балканска земја.

Од вкупно 240 пратеници, за изгласување недоверба се изјасниле 103-ца, додека против биле 131 пратеник.

Според индексот на согледување на корупција на организацијата „Транспаренси интернешенл“ од 2016 година, Бугарија била најкорумпираната држава членка на ЕУ.

Бугарија во наредниве шест месеци претседава со Советот на Европската унија.