Се намалува цената на водата, но сметките повисоки

25.01.2018 13:01

Претпријатието го презема во надлежност одржувањето на две пречистителни станици за отпадни води на Лепенец и Треска, што на годишно ниво чини околу 100 милиони денари.

Од досегашните 29,39 денари за кубен метар, цената на водата се намалува на 28,67 денари. Жителите на Градот Скопје ќе плаќаат најниска цена на вода за пиење во државата, информираат од „Водовод и канализација“.

Претпријатието го презема во надлежност одржувањето на две пречистителни станици за отпадни води на Лепенец и Треска, што на годишно ниво чини околу 100 милиони денари. За ова граѓаните ќе плаќаат дополнителни 2,04 денари.