Работни односи

Практиканството во законска рамка

25.01.2018 14:19

Со партнерство ќе има подобра бизнис регулација, став на бизнис- заедницата и граѓанските здруженија. Министерството за труд и социјална политика предлага практиканството да добие законска рамка...

Бизнисмените бараат посебен Закон за практиканство. Велат дека за нив е проблем што сега овој сегмент е регулиран само со Законот за средно и високо образование, а не е опфатено деловното работење. Стопанствениците објаснуваат дека е формирана работна група, предводена од Министерството за труд и социјална политика, којашто треба да даде предлог за Законот.  

Од Сојузот на стопански комори посочуваат дека се отвораат прашањата за договорите за вработување, за поврзаноста на Законот за работни односи со другата регулатива, со колективните договори. Велат оти е потребно допрецизрање на законските норми во делот на практиканството. Дополнително, проблем е што микро и малите компании не можат да ги следат честите промени на законодавството.

Бизнисмените велат дека ќе инсистираат преку дијалог со надлежните да се креираат конструктивни решенија за подобра правна усогласеност.

 

Наташа Јанчиќ