Италија

Железничка несреќа во Милано, две лица загинаа

25.01.2018 14:11

Возот којшто се движел на релација Кремона- Милано, излетал од шините при што се превртеле два вагона

Најмалку две лица загинаа, десетина биле тешко повредени, а уште 110 се здобиле со полесни повреди во железничка несреќа близу Милано.

Возот којшто се движел на релација Кремона- Милано, излетал од шините при што се превртеле два вагона. Се утврдуваат причините за несреќата.