Франција

Продолжува да расте нивото на реката Сена во Париз

25.01.2018 14:54

Поради високото ниво, бродовите не можат да поминат под мостовите во близина на катедралата Нотр Дам во Париз.

Француската метеоролошка служба соопшти дека 15 департмани остануваат по портокалов метеоаларм поради излевање на реката Сена.

Поради високото ниво, бродовите не можат да поминат под мостовите во близина на катедралата Нотр Дам во Париз.

Еден дел од Лувр ќе биде затворен до недела. За денеска се најавени нови врнежи од дожд.