Италија

Тешка железничка несреќа во Милано

25.01.2018 15:49

Возот којшто се движел на релација Кремона - Гарибалди, излетал од шините, при што се превртеле два вагона. Пожарникарите и спасувачките екипи го сечеле ламарината за да ги извлечат патниците. Повредените со хеликоптер се префрлени во локалните болници...

Трoјца загинати, десетина потешко и уште 110 полесно повредени– ова е билансот по железничка несреќа во Милано. Возот којшто се движел на релација Кремона - Гарибалди, излетал од шините, при што се превртеле два вагона. Пожарникарите и спасувачките екипи го сечеле ламарината за да ги извлечат патниците. Повредените со хеликоптер се префрлени во локалните болници. Се истражуваат причините за несреќата.

„Дневно по оваа железничка пруга минуваат по 200 возови и постојано се вршат контроли. Оваа линија е затворена по два часа во текот на проверките. Вагоните се проверуваат речиси секојдневно и постои циклично одржување. Поради тоа, тешко е да се објаснат причините за оваа мошне сериозна несреќа“, изјави Дарио Балота, претседател на Национална опсерваторија за либерализација и транспорт.

Италијанските медиуми пренесоа и драматичното сведоштво на родителите на девојка од возот, која телефонски зборувала со нив во моментот кога се случилa несреќата.

„Се уште треба да разбереме што се случило. Има аспекти што не се јасни. Возот само излетал од шините и ја предизвикал оваа ситуација што ја гледаме. Воз може да излета од две причини, или поради колапс на структурата на шините или поради колапс на самиот воз. Тоа треба да се разјасни“, изјави Рафаел Катанео, претседател на Регионалниот совет во Ломбардија.  

„Со голема претпазливост и професионализам мора да ја разгледаме ситуацијата бидејќи овие прашања за одговорност може да се одолговлекуваат со години. Мора да бидеме многу внимателни“, изјави Марчело Кардона, полициски официјален претставник.

Ова е трета несреќа во последните десет години во застарениот железнички систем на италија. Во 2016-та, во судир на два воза во пуља загинаа 23-ца, а во тоскана во 2009 година настрадаа 32-ца, кога товарен воз што превезувал течен гас се излизгал од шините и експлодирал.

 

Марина Ристова