Давос

Палестинците ги отфрлаат заканите од Трамп

26.01.2018 10:18

Предупредувањето за блокада на фондовите беше соопштено на Светскиот економски форум во Давос по средбата со изралескиот премиер Бенјамина Нетанјаху. Од 2008 година, палестинските власти добиваа од Вашингтон по 400 милиони долари годишно.

Палестинските лидери ги отфрлија заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на помошта доколку не прифатат преговори со Израел. Возвратија дека политиката нема да влијае врз народот, а прашањето за Ерусалим и натаму ќе биде клучно за регионалниот мир. Предупредувањето за блокада на фондовите беше соопштено на Светскиот економски форум во Давос по средбата со изралескиот премиер Бенјамина Нетанјаху.  Од 2008 година, палестинските власти добиваа од Вашингтон по 400 милиони долари годишно.

„Им даваме стотини милиони долари за помош и за поддршка, огромни суми, броеви кои никој не може да ги разбере. Парите им се на маса и тие пари нема да им стигнат доколу не седнат на иста маса и не преговараат за мир“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп ги обвини и за непочитување на претставниците од официјален Вашингтон откако ја одбија средбата со потпретседателот Мајк Пенс кој неодамна беше во псоета на Израел. Палестинските власти возвратија- одлука е донесена поради самопочит.