ДАВОС

Сорос против „Фејсбук“ и „Гугл“

26.01.2018 10:39

На економскиот форум во Давос, Сорос предупреди дека овие технолошки гиганти создаваат сопствен монопол на интернетот, така што деновите им се одбројани на социјалните медиуми.

Милијардерот и финансиер Џорџ Сорос тврди дека „Фејсбук“ и „Гугл“ се опасни за демократијата на глобално ниво бидејќи ја попречувале иновацијата и влијаеле негативно врз оформувањето на ставовите и интересите кај луѓето. 

На економскиот форум во Давос, Сорос предупреди дека овие технолошки гиганти создаваат сопствен монопол на интернетот, така што деновите им се одбројани на социјалните медиуми.

Сорос финансира многу медиуми преку фондацијата Отворено општество и беше обвинет за ширење на лажни вести против Доналд Трамп и Републиканската партија.